Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шерон Стоун природна убавица и на 55 години

ФОТО: Шерон Стоун природна убавица и на 55 години

За Шерон Стоун возраста е само бројка. 55-годишната актерка изгледа прекрасно и вели дека ги сака несовршеностите кои ги носи стареењето.

Фотографиите за списанието „New You“ се доказ дека Стоун не изгубила од сексапилот, зачувувајќи ја природната убавина.

Шерон Стоун Шерон Стоун

Иако многу холивудски актерки се обидуваат да го одржат младешкиот изглед со помош на пластичната хирургија, Стоун вели дека нејзиното лице никогаш не се нашло под нож и покрај тоа што притисокот да си направи фејслифт бил огромен. Различни хирурзи ѝ нуделе хируршко разубавување и еднаш речиси немало да успее да му одолее на искушението.

„Не можам да ви кажам колку многу доктори се обиделе да ми продадат фејслифт. Стигнав до момент кога еден ме наговори, но кога отидов и видов фотографии од себе, си помислив: Што ли ќе „подигнуваат“? Да, бев блиску, но, искрено, сметам дека во уметноста на стареењето на добар начин има сексуалност во тоа да ги имаш тие несовршености. Сензуално е“ – изјавила таа.

Шерон Стоун

Кога станува збор за сексуалниот живот, Шерон вели: „Како жени ние ги разбираме нашите тела и има расцветување кое настанува (со сексот). Ние сме гладни за гурмански оброци, наместо за брза храна.“

Привлечната Стоун деновиве го промовира својот нов филм „Lovelace“ со Аманда Сејфрид во главната улога.

На прикажувањето на филмот во Њујорк, Шерон ги шармираше присутните облечена во бел фустан.

Шерон Стоун

Видео од снимањето на едиторијалот за „New You“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.