Шер го продава својот стан во Западен Холивуд. Музичката ѕвезда живееше во станот повеќе од седум години пред да одлучи да го стави на пазарот за недвижнини со цена од 5,5 милиони долари.
Станот од 370m2 е уреден во индиски стил и низ него можат да се сретнат автентични статуи од 18 и 19 век.
Ентериерот не е колоритен, бидејќи Шер не сакала да се вклучува многу боја, па претежно се користени бели, бежови и кафеави нијанси.
„Никогаш не ми станува здодевно да се враќам во овие прекрасни, спокојни соби“ – изјавила пред неколку години Шер за станот кој е дело на дизајнерот Мартин Лоренс-Булард.