Шер беше специјална гостинка во финалето на „America’s Got Talent“.
73-годишната „Божица на поп музиката“ одушеви со младоликиот изглед и одличниот настап на популарното музичко шоу, каде ја изведе песната „Waterloo“ од ABBA.
„Ова е специјално. Оваа артистка има добиено Греми како пејачка, Оскар како актерка, Еми како ТВ ѕвезда и е Модна икона. Таа е една од пејачките со најпродавани албуми на сите времиња“ – вака водителот ја најави легендарната музичарка и актерка.
Шер се појави на сцената во виолетов комбинезон со длабоко деколте и сребрени детали.