Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шарлиз Терон со синчето на Хаваи

ФОТО: Шарлиз Терон со синчето на Хаваи

Шарлиз Терон го прослави својот 38-ми роденден со одмор на Хаваи. Убавата актерка се релаксирала во друштво на најважниот маж во нејзиниот живот – синчето Џексон.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Познатата Оскаровка неодамна сподели дека мајчинството целосно ја променило и дека новата улога во животот ѝ ги променила и ритуалите за разубавување. Таа откри дека ѝ било многу лесно да ја истриже косата за филмската улога во „Mad Max: Fury Road“, затоа што како нова мајка не морала секое утро да издвојува време за стилизирање на косата.

Шарлиз Терон

„Сега сè е диктирано од ова мало момче. Тој е по малку ноќна птица, а јас сè уште не знам како е да ги оставиш децата да спијат за да имаш време за себе. Си го мијам лицето навечер и ставам хидратантен крем. Наутро притискам топла крпа на лицето, ставам крем за сонце, потоа малку течна пудра и маскара. Никогаш не сум сакала кармин преку ден“ – изјавила Терон.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Шарлиз го посвои малиот Џексон во март минатата година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.