Шакира патува во придружба на своите две синчиња. 39-годишната пејачка беше фотографирана кога влегуваше на аеродром во Мајами заедно со малите Саша и Милан.
На фотографиите, славната Колумбијка облечена во макси фустан го носи в раце едногодишниот Саша, додека тригодишниот Милан лежи во количка.







Двата сина на Шакира и Жерар Пике се облечени во исти маички. Момчињата беа фотографирани и на седиштето на пилотот во авионот.


Славната музичарка сподели фотографија на Instagram од Саша и Пике и во описот напиша: „Косата на тато“.