Шакира се појави заедно со Пике на промотивен настан за својот најнов музички албум во Барселона, Шпанија.
Русокосата Колумбијка зачекори на црната патека со високи тесни чизми и краток црн фустан кој го оцртуваше нејзиното тело.
27-годишниот фудбалер гордо позираше покрај Шакира, која сподели дека има напишано многу љубовни песни за него. „Имам напишано многу љубовни песни за Жерар. Но, никогаш не се доволно. Чувствувам дека заслужува да напишам за него милион љубовни песни“ – рекла таа.
Албумот „Shakira“ вклучува 15 песни низ кои се меша рок, реге, фолк и денс музика.