Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Харизматичната „волшебничка“ Ема Вотсон за „Wonderland“

ФОТО: Харизматичната „волшебничка“ Ема Вотсон за „Wonderland“

Ема Вотсон шармира и заведува со два тематски различни едиторијали за списанието „Wonderland“.

На дел од фотографиите 23-годишната филмска ѕвезда позира заедно со Даглас Бут. Привлечниот пар моментално го промовира својот заеднички филм „Noah“, но соработува уште од 2009 година, кога сними модна кампања за брендот Burberry.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон

Освен што ги краси страниците на списанието, Ема е вклучена во создавањето на изданието февруари-март како гостин-уредник.

Втората фотосесија ја прикажува Ема во позаводливо светло, во дизајнерски креации од Prada, Diesel Leather Tribute, Emporio Armani, Miu Miu, Dsquared2 и Louis Vuitton.

Ема Вотсон

Во интервјуто Вотсон зборувала за кратката фризура со која привлече многу внимание пред неколку години. „Ми недостига многу. Во моментот кога ќе забременам, првото нешто што ќе го направам е да ја скратам косата, бидејќи знам дека нема да работам подолго време. Ако не бев актерка, ќе ја зачував кратка. Ќе можев да ја мијам во мијалник и да ја тресам како куче“ – рекла таа.

Ема потврдила и дека во мај ќе го заврши студирањето и ќе добие диплома од Универзитетот Браун.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.