Трагичната љубовна приказна за Ромео и Јулија повторно ќе биде раскажана на филмското платно. Хејли Стејнфилд (која беше номинирана за Оскар) и Даглас Бут ќе влезат во главните улоги на најпопуларните ликови на Шекспир.
Денес беше објавен првиот трејлер во кој на младите заљубени актери им се придружуваат и Демијан Луис во улогата на Капулети и ѕвездата од „Gossip Girl“ Ед Вествик во улогата на гневниот Тибалт.
Во последниот филм за Ромео и Јулија, кој стекна светска слава, ѕвезди беа Леонардо Дикаприо и Клер Дејнс.
