Дејвид Бекам е првиот маж кој доби своја насловна страна на „Elle“. Иако познатото списание редовно на корицата поставува убави жени, јулското издание на „Elle UK“ му ја отстапи главната фотосесија на познатиот фудбалер.
Сопругот на Викторија Бекам позира по фармерки, со и без маица, покажувајќи ги бројните тетоважи и стомачните мускули кои му донесоа многу ангажмани во светот на модата.
Иако многумина го нарекуваат Бекам секс симбол, самиот тој вели дека не се гледа на таков начин и дека таквите разговори го засрамуваат. em>„Не се гледам себеси на таков начин. Навистина е чудно... кога луѓето ќе го споменат тоа“ – изјавил тој.
Во интервјуто, 37-годишниот фудбалер зборуваше и за својата сопруга. „Таа е одлична мајка. Сè се врати околу децата, колку и да е зафатена, и токму затоа ја сакам. Има и многу други нешта кои ги сакам кај неа, но тоа што е неверојатна мајка е многу секси квалитет и неодолив квалитет“ – рекол тој.
На прашањето кое е најромантичното нешто што го направил за Викторија, тој одговорил: „Најверојатно тоа кога си ги обновивме брачните завети. Сè беше изненадување, Викторија не знаеше ништо. Јас организирав сè. Нејзе ѝ реков дека ќе одиме на ручек, ѝ спакував една торба, а имав и подготвено фустан за неа, за да се пресоблече во авионот. Си ги обновивме заветите, отидовме со авион во Париз и таму ја поминавме ноќта“. Токму поради ваквите постапки Бекам редовно е нарекуван совршениот маж.