Почетна » Новости » Актуелно » Д-р Анџелка Илиева на Светскиот конгрес за меланом и Европска Академија по дермато-онкологија

Д-р Анџелка Илиева на Светскиот конгрес за меланом и Европска Академија по дермато-онкологија

Д-р Анџелка Илиева – дерматолог во „Клиника Жан Митрев“, активно учествуваше во овогодишниот единаестти Светски конгрес за меланом и истовремено и 21 Конгрес на Европската Акдемија по Дермато-онкологија кој се одржа во Атина.

На овој настан, таа преку постер презентација ги претстави резултатите од своето истражување на тема рана детекција на кожен карцином. Истото беше спроведено заедно со одделот за генетика и персонализирана медицина при Клиниката Жан Митрев, а поддржано од Европската Академија за Дермато-онкологија.

Жан Митрев Клиника Жан Митрев Клиника

Покрај презентацијата, таа присуствуваше на предавањата од областа на дермоскопија и се запозна со најновите протоколи за лекување и превенција на кожните карциноми меѓу кои меланомот.

Д-р Илиева, како национален координатор и претставник на Меѓународното Здружение за Дерматоскопија, секоја година е дел од интернационалната кампања за превенција на рак на кожа.

Жан Митрев Клиника

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24998 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.