Стивен Тајлер организираше хуманитарен настан за собирање средства за помош на малтретирани жени и девојки. На малиот концерт одржан во „Линколн Центарот“ во Њујорк, 68-годишниот рокер беше придружуван од своите четири деца.
На црвениот тепих среќното семејство позираше со широка насмевка, галејќи го трудничкото стомаче на Лив, која го очекува своето трето дете со сопругот Дејвид Гарднер.
Лив е најстарото дете на Стивен, од неговата врска со моделот Биби Бјуел. Втората ќерка Мија Тајлер е зачната за време на неговиот прв брак, додека останатите две деца, 28-годишната Челзи и 25-годишниот Таџ, се од втората сопруга на Стивен, Тереза.
Гостин на Стивен му беше и актерот Брус Вилис.
Средствата од настанот на славниот фронтмен на групата Aerosmith се наменети за неговиот „Фонд на Џени“, кој им помага на жртви на насилство.