Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кристина Агилера, Мараја Кери, Кание Вест, Лајонел Ричи... музичари позираа со своите деца

Кристина Агилера, Мараја Кери, Кание Вест, Лајонел Ричи... музичари позираа со своите деца

„Harper’s Bazaar“ покани успешни музичари да снимат фотосесија за најважното издание на списанието – септемвриското.

Мараја Кери, Кристина Агилера, Кание Вест, Стивен Тајлер, Лајонел Ричи, Брус Спрингстин и Ерика Баду позираа со своите деца за едиторијалот насловен „ИКОНИ: Првите семејства на музиката“.

Музичките ѕвезди споделија желби и совети кои ги имаат за своите чеда.

„Обожавам што сум мама-мечка и што им пружам поддршка, сила и безбеден рај на моите бебиња и сакани личности, знаејќи дека, пред сè, тоа е најважната работа која ја имам“ – Кристина Агилера.

Музички ѕвезди со децатаАгилера со 10-годишниот Макс и 4-годишната Самер Кристина Агилера со децата Кристина Агилера со децата Кристина Агилера со децата

„Се надевам дека моите деца никогаш нема да ја изгубат довербата во општеството“ – Кание Вест

Музички ѕвезди со децатаКание со 5-годишната Норт и 2-годишниот Сент

„Семејството ми е најважно. Децата ми даваат таква радост и имаат развиено сопствени уникатни карактери“ – Мараја Кери.

Музички ѕвезди со децатаМараја со 7-годишните близнаци Марокан и Монро

„Мојот најдобар совет за ќерка ми: Насочи го фокусот кон она што најмногу го сакаш“ – Брус Спрингстин

Музички ѕвезди со децатаБрус со 26-годишната Џесика

„Посакувам моите деца да откријат кои се и да ги истражат нивните страсти во целост“ – Лајонел Ричи.

Музички ѕвезди со децатаЛајонел и 36-годишната Никол

Во фотосесијата се вклучија и ќерките на легендарниот Кит Ричардс, Александра и Теодора.

Музички ѕвезди со децатаАлександра и Теодора Ричардс Музички ѕвезди со децатаЕрика со 14-годишната Пума и 9-годишниот Марс

Во видеото се појавуваат и ќерката на Стивен и Лив Тајлер и ќерката на Мајкл Џексон.

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.