Софија Вергара обожава да оди на шопинг, а овој пат таа имаше убава придружба.
Славната актерка, која пред неколку дена го прослави 52-риот роденден, шармираше во летен розов фустан, додека пазаруваше со саканиот Џастин Салиман. Парот беше пресретнат од неуморните папараци во Лос Анџелес.
Во рацете, успешниот хирург го носеше нејзиното кученце Аморе.
На Instagram, Вергара сподели фотографии со кученцето.
Софија и Џастин започнаа да се состануваат неколку месеци по нејзиниот развод од Џо Манганиело.