Софија Вергара присуствуваше на American Cinematheque Award за да ја поддржи својата колешка Рис Витерспун, со кој глумеше заедно во филмот „Hot Pursuit“. На свеченоста во Лос Анџелес, популарната Колумбијка се појави во долг црвен фустан со разголена половина.
Припиената креација која ја носеше 43-годишната холивудска ѕвезда е дело на Martha Medeiros Maceió.








Манифестацијата беше одржана во чест на Витерспун и нејзе ѝ беше доделена награда за долгогодишната успешна кариера во шоу-бизнисот. Вергара одржа говор за својата блиска пријателка и почитувана колешка.



