Русокосата филмска ѕвезда Скарлет Јохансон изгледа раскошно и секси во октомвриското издание на „Вог“ Русија.
27-годишната актерка позира во креации од првата колекција висока мода на Dolce&Gabbana. Дизајнерското дуо ја прикажа првата Alta Moda колекција во јули на Сицилија само пред внимателно избрани личности.
Богатите креации изгледаат прекрасно на Јохансон, која во моментов го промовира новиот филм „Hitchcock“.