Синди Крафорд во придружба на своите две деца го промовираше филмот „The Hospital in the Sky“ презентиран од луксузниот бренд за часовници Omega.
На настанот во Хонгконг, 49-годишниот супермодел се појави со 13-годишната ќерка Каја и 15-годишниот син Присли.
Каја, која често е нарекувана мини-верзија на својата мајка, веќе ги прави првите чекори во модната индустрија. Многумина се согласуваат дека таа е совршена наследничка на Крафорд и дека ја очекува успешна кариера.