Синди Крафорд неспорно е еден од најпрепознатливите супермодели. Атрактивната бринета која наскоро ќе зачекори во шестата деценија од животот, владееше во светот на модата во 90-тите години, но нејзиното модно патување нема крај.
49-годишната манекенка ги отвори вратите на домот во Малибу за да покаже што се крие во нејзиниот плакар. Таа не само што им дозволи на The Coveteur да фотографираат парчиња од нејзината гардероба, туку и сними фотосесија за The Thick со ќерка си Каја токму во просторијата која има улога на „плакар“.
14-годишната девојка која често е нарекувана „мини копија“ на Синди, веќе ги прави своите први чекори во модната индустрија, а има амбиции да стане и актерка.
Синди активно ја промовира книгата „Becoming“ во која преку фотографии и кратки есеи раскажува за случки и настани од својот личен и професионален живот.