Силвестер Сталоне е голем обожавател на француската ривиера и редовно одмара таму со своето семејство.
Славниот актер, кој пред неколку дена наполни 72 години, деновиве неколкупати беше фотографиран со сопругата и ќерките на луксузна јахта во Сен Тропе. 21-годишната Софија, 19-годишната Систин и 16-годишната Скарлет пливаа и се забавуваа на јахтата. Големо внимание со својот изглед привлекуваше неговата 42-годишна сопруга Џенифер Флавин.














Атрактивното семејство беше фотографирано и за време на вечерно излегување во Сен Тропе.










Сталоне сподели и фотографија од нивната посета на Кан и напиша дека бил изненаден од пречекот.
Систин и Софија споделија по една фотографија од одморот.











И пред две години семејството Сталоне престојуваше на истата локација по повод 70-тиот роденден на Силвестер.


