Животот на Силвестер Сталоне ќе биде документиран на камера.
Во соработка со Paramount+, славниот актер ќе започне да снима реално шоу во кое ќе биде прикажано секојдневието со сопругата Џенифер и нивните три ќерки – Софија, Систин и Скарлет.
76-годишниот актер и Џенифер пред неколку месеци објавија дека се разведуваат, но по кратко време, ги разрешија нивните недоразбирања и се смирија.
Сталоне неодамна изјави дека и тоа ќе биде дел од реалното шоу. „Секако дека ќе биде дел од шоуто. Секако дека ќе биде дел од шоуто. Животот е она што се случува додека си зафатен со правење други планови. Понекогаш ја ставам работата пред семејството и тоа е трагичната грешка која нема да се повтори“ – изјавил Силвестер.
Paramount+ вчера објави реклама со Сталоне и неговите ќерки, која ќе биде прикажана на Супер Боул.
„The Family Stallone“ ќе излезе на Paramount+ оваа пролет.