Екипата која стои зад ревиите на Victoria’s Secret им позајми на сестрите Кардашијан и Џенер дел од своите ангелски крилја за Халовин.
Ким, Кортни и Клои Кардашијан и Кајли и Кендал Џенер се „маскираа“ како моделите кои дефилираат на шоуто на популарниот бренд за долна облека.
Фотографиите предизвикаа најразлични коментари. Додека некои им се восхитуваат на нивните фигури, многумина сметаат дека ова е очаен потег за внимание.
Претходно, Кајли Џенер се маскираше во Барби и пеперутка заедно со малата ќерка Сторми.