Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Во плакарите на сестрите Кардашијан

ФОТО: Во плакарите на сестрите Кардашијан

Сестрите Кардашијан го освоија вниманието на целиот свет со својот богат, луксузен и драматичен начин на живот кој скоро целосно се одвива пред камери. За да ги задоволат своите обожавателки што сакаат да ѕирнат уште повеќе во нивниот свет, познатите телевизиски ѕвезди ги отворија своите плакари за списанието InStyle.

Се разбира, секоја од сестрите си има свој плакар полн со скапа дизајнерска облека и многу модни додатоци.

Ким Кардашијан поседува 318 пара обувки, од кои 63 го носат потписот на Лобутин, 112 чанти и 34 мали чантички за в рака. Таа ја преобразила гостинската соба во плакар за да може нејзината облека да биде подредена и секогаш на дофат.

Ким во својот плакарКим во својот плакар
Плакарот на Ким Плакарот на Ким
Накитот на КимНакитот на Ким

Клои Кардашијан очигледно има најголема колекција лобутинки и од вкупно 235 пара обувки, 71 се од овој познат дизајнер. Едни од нејзините најомилени обувки се оние со леопардски принт. „Баба ми ми кажа дека леопардскиот принт никогаш не излегува од мода. Тој е класика“ – изјавила Клои. Освен многу чевли, Клои има и 127 чанти и 51 малечки чанти за в рака.

Клои во својот плакарКлои во својот плакар
Плакарот на Клои Плакарот на Клои

Кортни Кардашијан има најмал плакар, но сепак во него можат да се најдат 153 пара обувки (20 лобутинки), 28 чанти и 63 мали чантички. Кортни поседува и голема колекција на колани. Повеќето од нив се машки и му припаѓале на нејзиниот татко, а таа до ден денес се обидува да ги вклопи во својот стил.

Кортни во својот плакарКортни во својот плакар
Плакарот на Кортни Плакарот на Кортни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.