И покрај сите негативни реакции кон семејството Кардашијан по разводот на Ким, популарноста на ова реалити семејство не стивнува. Само неколку часа по објавувањето на нивната најнова фамилијарна новогодишна „честитка“, фотографијата се најде во сите медиуми кои покриваат вести од шоу-бизнисот.
„Ги обожавам фотографиите за нашата фамилијарна божиќна честитка. Мислам дека оваа изгледа неверојатно“ – напиша Ким на својот блог откако ја постави фотографијата.
Целото семејство е на фотографијата. Трите мегапопуларни сестри позираат со нивниот брат, Роб Кардашијан, и двете полусестри – Кајли и Кендал Џенер. На фотографијата се и сопрузите на Клои и Кортни, како и малиот син на Кортни, Мејсон. Сите се облечени во црно-бела облека во машки гламурозен стил, освен мајката Крис Џенер која гордо позира во светликав сино-зелен фустан до нејзиниот сопруг, Брус Џенер. За оние кои не се задоволни само со обичен поглед на фотографијата, таа е објавена и во 3D верзија.
Еве уште неколку стари божиќни фотографии на семејството Кардашијан: