Селин Дион реши дека е време светот да ги запознае нејзините близначиња кои дојдоа на свет пред два месеци. Канадската пејачка позираше со своите синови Еди и Нелсон за насловната страна на канадското списание Hello!.
На фотографијата Селин е облечена во бели пижами и го држи в рацете едното синче, додека другото мирно спие до неа.
42-годишната пејачка е пресреќна поради новите членови на нејзиното семејство, но во интервјуто за списанието признава и дека не е лесно да се негуваат близначиња.
„Не знам како жените го прават ова. Секој ден Рене ме прашува „Дали спиеше добро?“, а јас му враќам „Мора да се шегуваш! Нема спиење!““ – раскажала таа.
На 20 страни од списанието има семејни фотографии од Селин, нејзиниот сопруг Рене, нивниот 9-годишен син Рене-Чарлс и близначињата. Фотографиите се направени во нивниот дом на Флорида.
Едниот син на Селин го добил своето име според легендарниот африкански лидер Нелсон Мандела, а другиот според францускиот продуцент Еди Марнеј.