Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Селена Гомез секси во „Glamour“

ФОТО: Селена Гомез секси во „Glamour“

Селена Гомез не е повеќе срамежлива Дизни ѕвезда, туку девојка која не се плаши да го покаже својот сексапил. За фотосесија за списанието „Glamour“ 20-годишната пејачка и актерка изгледа привлечно и заводливо во фустани кои го разголуваат нејзиното деколте.

Селена Гомез

Фотосесијата направена од Елен фон Анверт е за декемвриското издание на списанието во кое Селена е прогласена за „Жена на годината“, заедно со уште неколку инспиративни жени како Ени Либовиц и Лена Данхам.

Во интервјуто Селена зборувала за нејзината соработка со УНИЦЕФ, фановите на Џастин Бибер и пријателството со Тејлор Свифт.

Селена Гомез Селена Гомез

За УНИЦЕФ и патувањето во Гана: Кога отидов во Гана со мајка ми и очувот за УНИЦЕФ, целото патување ми го промени животот. Имаше деца кои си играа со пластични шишиња. Имаа ластичиња со кои ги врзуваа шишињата и правеа топка за фудбал. Тоа беше нивната забава, беа толку многу среќни! Помислете како ние живееме денес, нам ни треба многу за да се забавуваме и имаме високи очекувања. А тие деца, само сакаат образование. Јас мразев домашна работа, а тие ја сакаат, тоа е прекрасно. Исто така учествував во кампањата „Live Below the Line“ и една недела живеев со само 1,50 долари дневно – тоа беше кул искуство.

Селена Гомез

За фановите на Џастин Бибер: Ги обожавам неговите фанови. Никогаш не би покажала непочитување кон нив. Ги сфаќам: Јас бев опседната со Џеси Мекартни додека растев! Тој беше мојот свет. Мојата симпатија од средно.

Селена Гомез

За тоа дали често се сретнува со Џастин Бибер и Тејлор Свифт: Со Тејлор разговаравме минатата седмица и двете се согласивме: „Не се сеќавам кога беше последниот пат кога те видов“. Тоа е жалосно. Но, ако стане премногу критично, ќе одлетам кај Тејлор или дома или кај Џастин.

Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.