Синоќа, во њујоршкиот музеј на уметноста „Метрополитен“ некои од музичките ѕвезди за првпат зачекорија со своите нови љубовни партнери на свечен настан.
Селена Гомез се појави со своето момче The Weeknd облечена во бел долг фустан со висок шлиц од брендот Coach и накит од Tiffany & Co.
Славниот музички пар изгледаше среќно и заљубено додека позираше пред фоторепортерите.
24-годишната пејачка и 27-годишниот рапер се заедно од јануари 2017 година.