Тамара Тодевска и Александар Димитровски – Мачка изминатиов викенд официјално станаа сопруг и сопруга.
Свадбените фотографии од венчавката и големата прослава во ресторанот „Атланта“ беа објавени на Facebook-страницата на MyDay Wedding Films.
Тијана Дапчевиќ со сопругот и малиот син беше до среќната невеста во текот на целиот ден.
Меѓу многуте гости на веселбата беа повеќе славни македонски лица како Каролина Гочева, Елена Ристеска и Катарина Ивановска, во чии раце заврши бидермаерот.
Тамара денес го објави и спотот за својата нова песна „Совршен крај“.