Сара Џесика Паркер заблеска на гала вечер на Њујоршкиот балет. 50-годишната актерка зачекори на црвениот тепих во креација од Зухаир Мурад.
Ѕвездата од „Sex and the City“ позираше и со талентираниот либански дизајнер кој го креираше прекрасниот фустан. Стилскиот избор Паркер го надополни со чантичка од Шанел.
Мурад соработуваше со Њујоршкиот балет и помогна во создавањето на костимите за новата сезона.