Ријана пристигна доцна на МЕТ галата, но нејзиното појавување секогаш вреди да се чека.
35-годишната пејачка зачекори на свеченоста во комплетно бел аутфит, кој беше еден од највпечатливите на вечерта.
Музичката ѕвезда носеше фустан со долга „опашка“ и цветна наметка, која откако ја соблече се истакна нејзиното трудничко стомаче.
Стајлингот е дело на модната куќа Валентино.

Ријана пристигна со својот партнер Ејсап Роки, со кого го очекуваат второто заедничко дете.























Познатиот рапер во својот изглед вклучи и карирано здолниште, слично како она кое Карл го носеше во 2004 година.


