Во Мајами, Флорида, се одржа манифестацијата „Lo Nuestro Premio 2016“, за време на која беа наградени најуспешните ѕвезди во латино музиката.
Талија блесна на црвениот тепих со романтичен изглед и привлече големо внимание. 44-годишната Мексиканка шармираше во елегантен фустан од Галија Лахав, чевли од својата колекција и накит од Bissuterie.
Својата фризура Талија ја надополни со црвени цветови со кои ги потсети присутните на ликот Росалинда од теленовелата која ѝ донесе огромна слава.










За време на свечената манифестација, Талија ја изведе својата нова песна со колумбискиот пејач Малума, насловена „Desde Esa Noche“. На сцената, привлечната пејачка се појави во црвен костим од Амато, чевли од сопствената колекција и наметка од Николас Ебран.
ВИДЕО








