Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Розовиот невестински фустан на Џесика Бил... и обетките од $105.000

ФОТО: Розовиот невестински фустан на Џесика Бил... и обетките од $105.000

Џесика Бил блеска од среќа на фотографиите од свадбата со Џастин Тимберлејк. За свадбената церемонија 30-годишната актерка избра розов фустан од Џамбатиста Вали, а единственото нејзино барање било фустанот да зрачи со „романтика, романтика, романтика“.

Џастин и Џесика Џесика Бил

„Всушност се изненадив од самата себе кога го избрав мојот фустан. Тоа е стил кој би го носела само тој ден“ – изјавила Бил.

Фустанот на ЏесикаФустанот на Џесика на ревијата на висока мода на Џамбатиста Вали

Освен блескавиот прстен од Џастин, убавата невеста носела и блескави обетки од Мартин Кац, кои чинеле 105.000 долари.

Обетките на ЏесикаОбетките на Џесика од 105.000 долари кои ги купила непосредно пред свадбата

Џесика признала дека пред да зачекори кон олтарот имала трема. „Имав пеперутки во стомакот. Требаше да застанам пред пријателите и семејството и да ја разголам душата за човекот кој го сакам. Беше ужасно емотивно“ – рекла таа.

Џастин и Џесика

Токму кога Џесика си помислила дека ќе успее да ги стави емоциите под контрола, Џастин започнал да ѝ пее оригинална песна напишана за неа. „Тогаш дојдоа солзите. И не само за мене. Речиси за сите кои беа присутни“ – раскажала Бил.

„Таа беше најубавото нешто што некогаш сум го видел“ – рекол Џастин за својата сакана.

Џастин и ЏесикаПрвиот бакнеж на младоженците

Откако си го кажале судбоносното „Да“, младоженците за првпат танцувале како сопруг и сопруга на песната „A Song for You“.

Првиот танц на Џастин и ЏесикаПрвиот танц на Џастин и Џесика

Свадбата се одржала во Пуља, Италија, а присуствувале околу 100 гости. Се верува дека свеченоста ги чинела Џастин и Џесика 6,5 милиони долари.

Свадбената торта и бидермаеротСвадбената торта и бидермаерот Свадбена фотосесија Свадбена фотосесија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.