Ријана ја лансира нејзината линија шминки „Fenty Beauty“. 29-годишната пејачка присуствуваше на промотивен настан кој се одржа во рамките на Њујоршката недела на модата.
Музичката ѕвезда блесна во жолта комбинација од Оскар де ла Рента на црниот тепих во Големото јаболко. Својот стилски избор, таа го надополни со накит од Chopard и сандали од Rene Caovilla.
Претходно, популарната музичарка од Барбадос направи мала забава по повод лансирањето во Sephora. На настанот, таа се појави во црно кратко фустанче и високи чизми над колена со блескави детали.