Ријана не се плаши да го разголи своето тело. Популарната пејачка беше фотографирана од папараците во Мајами за време на снимањето на спот за една од своите нови песни.
Музичката ѕвезда моментално е на турнеја за да го промовира осмиот студиски албум „Anti“.
28-годишната девојка од Барбадос на дел од фотографиите на себе носи само гаќички и проѕирна наметка и во раката држи пиштол. На останатите таа во провокативна креација се вози на мотор низ улиците во Мајами.


















