Ријана повторно се разголи за „GQ“. Музичката ѕвезда позираше гола за насловната страница на декемвриското издание на машкото списание.
На фотографијата 24-годишната пејачка ги покрива своите гради само со кожена јакна, додека со рацете ги сокрива најинтимните делови од телото.
Насловната страница ја објави Ријана на својот профил на Twitter, каде ги објави и седумте града во кои ќе одржи концерти за време на промотивната турнеја „777“.
По повод пуштањето во продажба на својот седми албум, Ријана ќе одржи седум концерти во Мексико Сити, Торонто, Стокхолм, Париз, Берлин, Лондон и Њујорк во рамките на седум дена од 14 до 20 ноември.