Во рамките на популарниот фестивал Coachella, Ријана и Puma организираа забава покрај базен за промовирање на нивната нова заедничка колекција.
На забавниот настан, славната пејачка изненади со фризура инспирирана од 60-тите години. За стилизирањето на косата на музичката ѕвезда, нејзиниот фризер сподели: „Чувствуваме ретро вибрации, сакавме да ги телепортираме на друго место со модерни комбинации. Мојата табла за инспирација е бескрајна. Таа и јас, ние сме луди. Само гледаме во слики и уметност“ – изјави тој.
Истата фризура подоцна Ријана ја вклопи во нов бел стајлинг.