По настапот на популарниот фестивал „Rock in Rio“, Ријана си се почести со краток одмор заедно со моделот Кара Делавин. 27-годишната пејачка и 23-годишната манекенка со нивните пријатели беа фотографирани додека се релаксираа покрај базен во хотел во Рио де Женеиро.
Ријана ја забавуваше големата публика на музичкиот фестивал повеќе од еден час, а Кара и Сем Смит беа во публиката за да ја поддржат популарната музичка ѕвезда.
Кара објави на Instagram фотографија од нивната дружба.
Погледнете го настапот на Ријана на „Rock in Rio“: