Синоќа се одржа светската премиера на „Valerian and the City of a Thousand Planets“ во Холивуд.
Ријана, која е дел од екипата на новиот филм, шармираше со розов стајлинг.
29-годишната музичка ѕвезда се појави во волуменозен фустан од Џамбатиста Вали. Својот стилски избор, Ријана го надополни со сандали од Маноло Бланик и накит од Шопард.
Кара Делавин, која ја има главната женска улога, за својот стајлинг црпеше инспирација од футуристичкиот филм. 24-годишната актерка и модел се појави во металик креација од високата мода на Iris van Herpen.
Кендал Џенер присуствуваше на прикажувањето на филмот за да ѝ ја даде поддршката на својата пријателка Кара. 21-годишниот модел ги покажа своите долги нозе во црно кратко фустанче.