Ријана позираше за британскиот „Вог“ во стилски комбинации инспирирани од Дивиот Запад. Едиторијалот со 28-годишната музичка ѕвезда бил снимен под палката на фотографот Крег Мекдин.

На фотографиите Ријана носи обувки од колекцијата која таа ја дизајнираше заедно со Маноло Бланик. „Оној ден кога ќе видам жена на улица која ги носи моите обувки... жал ми е за таа жена, бидејќи буквално ќе трчам по неа и ќе викам: „Застани! Селфи! Која си ти? Од каде ги најде обувките?“ – возбудено изјавила Ријана, коментирајќи ја колекцијата „Denim Desserts“.



„Ова е возбудлива соработка и апсолутно сум пресреќен со резултатот. Работењето со Ријана беше неверојатно, а нејзината страст, креативност и стил се рефлектирани во дизајните“ – изјавил Бланик, кој позира со Ријана на една од фотографиите.

Кога станува збор за личниот стил, славната пејачка од Барбадос вели дека многу се огледува на својата мајка. „Бев опседната со сè што правеше таа, сè што носеше, нејзиниот мирис, нејзините чевли и нејзините марами... Тоа беше гламурот од кој сакав да бидам дел“ – рекла таа.

