Машкото списание Esquire ја прогласи Ријана за најсекси жена за 2011 година и за да го оправда таквиот избор, направи провокативна фотосесија со неа.
На фотографиите Ријана е гола, а стратешки се прекриени интимните делови од нејзиното тело.
Во интервјуто за списанието, 23-годишната пејачка сподели дека по нејзините концерти воопшто не се чувствува секси, иако секој од публиката би го негирал тоа.
За нејзиното живеење во автобус за време на турнеите: „Мразам да одам во хотели кога сум на турнеја. Ми се допаѓа да останувам во автобусот. Можам да спијам, можам да се туширам... вежбам. Имам тренер, па можам да тренирам каде било, кога било. Одењето на турнеја го нарушува мојот метаболизам, па морам да се стегнам.“
За пиењето мала чаша алкохол пред концерт: „Морам да се напијам. Си го сфаќам многу сериозно, па секогаш има одредена доза анксиозност. Премногу мислам за сè кога станува збор за мојата работа. Пијалакот ми помага да си ги смирам нервите.“
За Крис Браун и неговата музика: „Навистина ми се допаѓа неговата музика. Јас сум голем негов фан. Отсекогаш сум била. Одредено време чувствував огорченост кон него, поради очигледни причини. Но, го оставив тоа зад себе. Тоа ми одземаше премногу време. Чувствував преголема лутина. Многу сум возбудена кога го гледам пробивот што тој го направи во својата кариера. Никогаш не би му посакала нешто лошо. Никогаш.“
Погледнете и видео од фотосесијата: