Рафаел Надал веќе една година е заштитно лице на Томи Хилфигер. 30-годишниот тенисер го покажа своето мускулесто тело во новата кампања за долна облека на познатиот моден бренд.
Успешниот Шпанец позираше во парчиња од колекцијата есен/зима 2016 на американската компанија. Фотосесијата е снимена во Палм Спрингс, Калифорнија.





