Рафаел Надал усреќи своја голема обожавателка. Успешниот тенисер ја израдува
Старицата, која боледува од Алцхајмер, за првпат во живо имала можност да проследи натпревар на омилениот тенисер, па нејзиниот внук Карлос одлучил дека ова е одлична шанса за да ѝ ја исполни големата желба.
Карлос преку порака го замолил Надал да се сретне со Мануела пред болеста да го земе својот данок.
„Денес, мојата баба, на 95-годишна возраст, ќе си го оствари сонот да те гледа во живо. Таа е во раните фази на Алцхајмер и ми рече дека сака да те види во живо пред да заборави што ѝ значите ти и тенисот. Се надевам дека ќе ужива во овој ден“ – пишувало во пораката.
Надал изгуби од Александер Зверев на турнирот, а непосредно по завршувањето на мечот, се сретна со Мануела.