Мајли Сајрус ја направи својата најпровокативна фотосесија досега. 20-годишната актерка и пејачка го остави зад себе имиџот на примерна Дизни ѕвезда, кој го стекна со ликот Хана Монтана, за да докаже дека веќе не е девојче.
Со бестрашен поглед и самоуверен став Мајли позираше пред објективот на легендарниот Марио Тестино, разголувајќи дел од својот задник и градите.
Во интервјуто за списанието V, Мајли зборувала за промената на изгледот и скратувањето на долгата коса. „Ќе се менувам, ќе бидам различна, ќе правам што сакам. Ја истрижав косата и купив док мартинки и никогаш не погледнав назад“ – изјавила таа.
Сајрус зборувала и за гласините за проблемите во врската со Лиам Хемсворт со кого се вери пред речиси една година. Негирајќи ги вестите за раскинувањето на свршувачката, Мајли изјавила: „Не сум дома со дечко ми постојано. Ние работиме. Секоја недела медиумите прашуваат дали раскинавме бидејќи не гледаат фотографии од нас. Немам време да одам со дечко ми во Starbucks секое утро. Посакувам да имав, но немам. Повеќе сакам да се опуштам дома и таму да го поминувам времето кое го имам со него.“
Погледнете видео од „зад сцената“ на фотосесијата за V: