Вчера беше прогласена новата Мис Англија за 2011 година. 22-годишната Елиз Лили Маунтер ги победи останатите 64 натпреварувачки во борбата за круната.
„Многу сум возбудена, не можам да верувам. Никогаш не очекував дека ќе победам“ – изјавила русокосата Англичанка, иако таа беше една од фаворитките.
Блиску до освојувањето на титулата беа второпласираната Рисикет Бејд и третопласираната Ребека Мортон.
Новата мисица ќе ја претставува Англија на натпреварот за убавина Мис на светот, кој ќе се одржи на 6 ноември.