Врската на принцот Хари и актерката Меган Маркл станува сè посериозна. 32-годишниот претставник на британското кралско семејство заедно со саканата присуствуваше на свадба на свој близок пријател во Монтего Беј, Јамајка.
За свадбената церемонија, 35-годишната актерка избра цветен макси фустан од Erdem.





Хари во ноември минатата година потврди дека се во врска преку официјално соопштение од Кенсингтонската палата.

















