Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Привремениот дом на Бекамови кој чини $27.000.000

ФОТО: Привремениот дом на Бекамови кој чини $27.000.000

Дејвид и Викторија Бекам сакаа да обезбедат комфорен привремен дом додека престојуваат во Америка, па не штедејќи средства тие избраа летото да го поминат во луксузна куќа во Малибу, Калифорнија.

Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови

Прекрасната куќа од скоро 1000 метри квадратни вклучува 7 спални соби, 9 бањи и фантастичен поглед на плажа. Според американските медиуми, изнајмувањето на оваа куќа која е проценета на 27 милиони долари ќе ги чини Бекамови по 158 753 долари месечно.

Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови

Бремената Викторија веќе закажала породување со царски рез на 4 јули, на Денот на независноста на САД. Се смета дека првата ќеркичка на Бекамови ќе ги помине првите месеци од животот токму во оваа куќа.

Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови

Според британскиот The Sun, Дејвид и Викторија размислуваат да ја крстат својата ќерка Атланта. „Дејвид сакаше име кое ќе има некаква поврзаност со нивните животи за време на нејзиното зачнување“ – изјавил близок до семејството. Атланта доаѓа од Атлански Океан, којшто Дејвид и Викторија го прелетале многупати во изминативе години, бидејќи постојано патуваат на релација Англија–Америка.

Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови

Се верува дека Бекамови повторно ќе се преселат во Англија во ноември, кога ќе заврши договорот на Дејвид со LA Galaxy.

Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови Летниот дом на Бекамови

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.