Адел е многу заштитнички настроена кога станува збор за нејзиното синче и е решена да го чува подалеку од љубопитните медиуми. Но, папараците успеаја да ја направат првата фотографија на која се гледа лицето на малото дете.

Фотографијата била направена додека Адел била на прошетка низ зоолошката градина во Њујорк. Иако 25-годишната музичка ѕвезда сè уште нема откриено како се вика малото дете, се претпоставува дека името му е Анџело.
Младата мајка ја стави кариерата на пауза по породувањето и засега е целосно посветена на мајчинството.
Адел се породи во октомври минатата година, а се шпекулира дека со својот партнер Сајмон Конеки планираат тајна венчавка.