Пинк не крие дека мајчинството ја променило. Енергичната пејачка гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис и освен што зборуваше за среќата во бракот, покажа и две фотографии од својата едногодишна ќерка Вилоу.
И на двете фотографии слаткото девојче ја покажува својата неодолива насмевка.
32-годишната пејачка изјавила дека станала позабавна по раѓањето на Вилоу. „Многу сум позабавна. Порано се будев и си велев... ох, треба да си го проверам пулсот. Не се чувствувам добро и што ќе правам денес? Не знам дали сум среќна. А сега си велам: ајде да го започнеме денот со прегратка, која песна ќе ја пееме. Сега постојано е забава со танцување и мојот сопруг не може да ме нарекува чудак, затоа што некој друг танцува со мене“ – изјавила таа.
Пинк ја покажа и својата смисла за хумор, признавајќи дека бракот не е секогаш извор на среќа. „Бракот е реален. Среќна сум во најголем дел од времето (искрена насмевка)... Среќна сум затоа што кога сум лута тој сè уште е згоден!“ – рекла таа.
Се очекува Пинк да настапи вечерва на MTV VMA.