Пинк го донесе на овој свет синчето Џејмисон на 26 декември минатата година. 37-годишната пејачка вчера беше фотографирана со целото свое семејство во Малибу.
На папараци фотографиите, музичката ѕвезда го носи в раце своето синче, додека сопругот Кери Харт и 5-годишната ќеркичка Вилоу чекорат покрај нив.








Пред една недела, славната пејачка објави дека се породи преку фотографии на Instagram.



Пинк вешто успеа да ја сокрие својата втора бременост и објави дека очекува дете пред околу 7 недели со фотографија од трудничкото стомаче. Таа и Кери стапија во брак во јануари 2006 година.
