Парис Хилтон се погрижи да биде забележана на хуманитарната гала на amfAR и блесна меѓу многуте познати личности. На настанот, кој секоја година се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал, Парис пристигна заедно со својот брат Барон.



35-годишната наследничка на синџирот хотели „Хилтон“ носеше фустан со гол грб од брендот Yousef Al Jasmi, кој го надополни со сребрено-златни штикли.














Пред неколку дена, Парис беше фотографирана на хуманитарна гала во Кан во елегантен бел фустан од американскиот дизајнер Мајкл Костело.

На француската ривиера, Хилтон пристигна со стил.

