Памела Андерсон беше придружувана од својот згоден син за време на хуманитарната гала на Шон Пен за собирање средства за децата во Хаити.


На настанот „Help Haiti“, 48-годишната актерка позираше во црвена припиена креација покрај 19-годишниот Брендон Ли.


Пред свеченоста, Ли сподели фотографија на Instagram.

Брендон е син на Памела и на Томи Ли, со кого таа беше во брак три години, а со кого се познаваше само четири дена пред да се омажи. Заедно, тие имаат уште еден син.

Андерсон го роди Брендон додека беше дел од чуварите на плажата во хит-серијата „Baywatch“.
