Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги објавија официјалните фотографии за свршувачката. Едната фотографија е поофицијална, додека на другата парот релаксирано ја покажува својата љубов преку нежна прегратка.
Фотографиите биле снимени од страна на познатиот фотограф Марио Тестино, кој многупати има соработувано со 28-годишниот принц.
„Многу сум среќен што беше побарано од мене да го покријам овој историски момент што целиот свет го очекуваше. Никогаш немам почувствувано толку многу радост колку кога ги гледам нив заедно“ – изјавил Тестино.
Иако досега никогаш нема позирано за студиски портрет, Кејт сама ја избрала облеката и се погрижила за шминката.
Заљубениот пар ја објави својата свршувачка на 16. ноември, а кралската свадба е закажана за 29. април наредната година.